Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се спојуваат во една пратеничка група, а нејзин нов координатор, на местото на Драган Данев, ќе биде пратеникот Никола Мицевски од Штип.
Ова е одлуката што ја донесе синоќа Извршниот комитет на партијата, а за која, според собранискиот деловник, ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да го извести претседателот на Собранието Талат Џафери.
10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ веќе немаат по најмалку 5 потребни пратеници, откако коалицијата од 51 се намали 39 пратеници, по исклучувањето на осумтемина од коалицијата кои гласаа за уставните измени и кои формираа сопствена пратеничка група, како и претходните заминувања на пратеници.
На последната координацијата на пратениците со лидерот Мицкоски минатата недела, имало разногласие дали да се формира единствена пратеничка група или да се продолжи по старо, но пратениците сакале да се „отворат и многу побитни прашања“.
Како што брифираа пратеници од ВМРО ДПМНЕ, Мицевски бил предлог на претседателот Христијан Мицкоски, иако пратениците за да не продолжат превирањата барале сами да си изберат координатор
Мицевски е штипјанец, завршил Земјоделски факултет и е магистер по економски науки од областа на МБА-Менаџмент.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дополнителни детали, со денесшно обраќање на новиот координатор. За вечерашниот состанок на ИК, се чека информација од лидерот на партијата Христијан Мицкоски.