Вајмо е првата компанија со дозвола за тестирање целосно автономни возила во Калифорнија

од Vlatko K
119 прегледи

Вајмо доби лиценца од транспортните власти во Калифорнија за да почне тестирање на нивните целосно автономни автомобили во државата, со што ја надмина целата нејзина конкуренција.

Оделот на Гугл доби зелено светло за да ги вози своите минибуси „Крајслер Пацифика“ на јавните патишта во Златната држава. Компанијата е подготвена да го стори тоа со вкупно 40 возила кои ќе се движат низ улиците, автопатите, па дури и руралните патишта околу 24 часа. Првично, ова ќе се случи околу Маунтин Вју, Санивејл и Пало Алто, каде што се наоѓа седиштето на некои од најголемите технолошки компании. Подоцна, рутите ќе ја опфатат целата држава.

За разлика од претходните тестови овој пат нема да има лице во автомобилот – само волан, педали и другите алатки како што се бара од страна на Националната управа за безбедност на патиштата.

Операторот ќе го следи движењето од далечина и ќе интервенира ако нешто тргне наопаку.

Според Вајмо, нејзините автомобили можат да се справат со какви било услови како што се дожд и магла и имаат дозвола да тестираат. Обичните луѓе исто така се очекува да се приклучат на испитувањата. За минибусите Вајмо направи договор со Фиат Крајслер.

Покрај Вајмо, повеќе од 60 компании тестираат речиси 300 автономни автомобили во Калифорнија.

Слични содржини