Меѓународен ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите

од Vlatko K
104 прегледи

Во Скопје денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите. По тој повод ќе биде организиран настан во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи и Здружението на новинари на Македонија.

Од страна на организаторите најавени се обраќања на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

На настанот ќе биде промовиран и прирачник за безбедноста на новинарите за време на настани од визок ризик.