Изгореа стотици нови „Масерати“ и „Фиати“ во пристаниште во Италија

од desk2
147 прегледи

Во пожар што се случи во вторникот, покрај скапоцените Масерати автомобили, најмногу страдаа автомобили од марката Фиат 500Л, кои се произведуваат во Крагуевац, Србија.

Според локалните медиуми, пожарот во пристаништето избил во вторник на 30 октомври околу 3.30 часот наутро, и зафатил нови возила меѓу кои биле автомобили од марката „Масерати“ наменети за извоз на Блискиот исток.

https://www.facebook.com/savonanews.it/videos/204912283619109/

На огнената стихија и пртходела бура поради која нивото на морето во пристаништето во Савона пораснало, па паркингот со нови автомобили предвидени за извоз го поплавила моркса вода.

Бидејќи биле изложени на моркса вода, акумулаторите во некои од паркираните возила експлодирале, а силниот ветар придонесол пожарот брзо да се прошири на стотици соседни автомобили.

Локалните медиуми наведуваат дека меѓу изгорените автомобили најмногу имало „Масерати“, а на снимката по пожарот се гледаат и автомобили од марката „Фиат“.

Заради отежнатите времески услови, на пожарникарите не им било лесно да се справат со огнот, а дополнителна закана претставувале и повремените експлозии од автомобилите.

За среќа, никој од пожарникарите кои гаселе не е повреден за време на интервенцијата.