Европската унија е критикувана откако ги објави плановите за инсталирање паметни детектори за лаги на најпрометните граници, за да се идентификуваат илегалните мигранти.

Технологијата која анализира фацијална експресија беше инсталирана на границите на Грција, Унгарија и Летонија, а вклчува употреба на компјутерска анимација на цариник, персонализиран според полот, етничката припадност, јазикот, кој поставува прашања преку веб камера.
Овој систем за откривање измами анализира микро-експресии на лицето на оној кој ја преминува границата и со поставување низа прашања копнјутерот анализира колку се вистинити исказите на патникот за целта на неговото патување.
Патниците кои аватарот и неговиот детектор за лаги ќе ги означи како низок ризик ќе поминат кратка проверка за причините за патувањето, додека оние со висок ризик ќе мора да поминат детална проверка.
Кога документите се проценети се врши скенирање на отисоците од прстите, како споредување на сликата од лоцето снимени во текот на фазата за преиспитување за пасоши ифотографијата снимена на претходни премини. Потенцијалниот ризик повторно ќе се пресмета, а потоа цариникот преминува на автоматизиран систем.
Проектот за кој е издвоено 4,5 милиони евра, од буџетот на унијата е високо критикуван од страна на експерти.
Бруно Вешур, предавач за форензичка психологија на Универзитетот во Амстердам, вели за холандскиот весник De Volkskrant дека верува оти овој систем ќе доеведе до неправични исходи.
„Невербалните сигнали, како што се микро-експресијата, не можат прецизно да утврдат дали некој лаже или не“, вели тој. „Ова е отелотворување на се шт може да појде наопаку со детекторот за лага. Не постојат научни основи кои би потврдиле ефикасност на системот, што може да резултира дека многумина ќе бидат неправично враќани од граница.“
Слична технологија се развива во САД, каде дететкорото за лаги се користи во спроведување на законот, покрај скептицизмот за негова ефикасност во голем дел од остатокот во светот.
Мигрантите прво на детектор за лаги, па во ЕУ?