Според Обама, одлуката на Доналд Трамп да испрати војници на границата со Мексико е политички маневар.

“Репутацијата на нашата земја е на гласачкото ливче”, рече Обама на предизборен митинг на средба со афро-американците во соседството во Мајами.

 САД ,за борба против нелегалната имиграција, испраќаат повеќе од 15.000 војници на границата со Мексико

Тој предупреди дека во последниве недели имало повеќе обиди  за„ поделби со реторика што нѐ нервира и предизвикува да се плашиме “.

Без да го споменува неговото име, поранешниот шеф на државата ги критикуваше обидите на Трамп да ги зголеми стравувањата на Американците поради илегалната имиграција и карванот со илјадници мигранти од Латинска Америка, кој ги насочил кон Мексикански-американската граница.

Трамп предупредува дека мигрантскиот караван е еден вид “инвазија” во САД“што ја напаѓа нашата земја”. Тој објави дека ќе испрати 15.000 војници на границата.

“Мажите и жените во вооружените сили заслужуваат подобро од тоа “, порача Обама.