Во СВР Струмица, К.Ј.(38) од село Просениково, струмичко, пријавил дека ноќеска околу 04:00 часот во угостителски објект во село Сарај, општина Босилово, физички бил нападнат од сопственикот Ѓ.М.(43) од село Просениково. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 16:30 часот во Полициската станица Прилеп, прилепчанецот С.Б.(39) пријавил дека истиот ден околу 12:30 часот на улица „Тризла“ во Прилеп тој, неговиот брат С.Б.(41) и нивниот братучед А.О. физички биле нападнати од неколку непознати лица по расправија во врска со разминување на улицата. С.Б.(41) бил пренесен во Градската болница „Борка Талески“-Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Гази Баба ноќеска во 04:00 часот, А.Б.(21) од Берово пријавил дека истиот ден околу 03:30 часот во студентски дом „Стив Наумов“, тој и неговиот другар Д.И.(22) од Скопје биле физички нападнато од М.Н. и уште неколку лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вчера во 15:50 часот на улица ,,Благоја Тоска“ во Тетово, П.Г.(19) од Тетово физички бил нападнат од две непознати лица. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ноќеска околу 01:45 часот на паркинг просторот кај црквата „Свети Констанин и Елена“ во населба Илинден – Скопје, при преземање мерки за спречување на нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица, полициски службеник бил физички нападнат од Р.Г.(20) од село Марино, скопско. Р.Г. бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.
