Јавниот превоз едно од најсигурните места во Виена

од desk2
105 прегледи

 

Виенската градска советничка за животна средина Ули Сима вели дека јавниот превоз сега е едно од најсигурните места во главниот град на Австрија. За да остане така, виенското претпријатие за јавен сообраќај Wiener Linien, презеде различни мерки за безбедност и постојано ги проширува.

Тоа соработува со полицијата и пред повеќе од една година основаа сопствен тим за обезбедување кој е одговорен за почитување на правилата. Во тој тим во моментот има вработено 60 лица. Постојат и додатни модули на обука, а до крајот на годината ќе има 80 вработени, додека до крајот на 2019 година – 120 луѓе ќе работат на обезбедување.

Во текот на летото обезбедувањето тестираше ткн. “bodycam” кое едно време ги користеа Австиските сојузни железници и полицијата. Користењето на овие камери служи за документирање на инциденти. До крајот на годината сите членови на обезбедувањето треба да имаат камери.

Сите станици на метрото во Виена од оваа година се опремени со видеокамери, односно вкупно 2.500. Во последните неколку години во текот на генералната адаптација на историската станица “Otto Wagner” вложени се дури 280.000 евра за надзорни камери.

За подобро чувство на сигурност и повеќе осветлување, станиците се опремени со ЛЕД расвета низ подземната мрежа, а заменети се и претходните флуоресцентни цевки. До крајот на 2019 година сите станици ќе бидат опремени со ЛЕД осветлување.