Бирачите на малиот рурален округ во Невада, на вчерашните избории поддршката му ја дадоа на кандидатот кој не е повеќе меѓу живите, Денис Хоф, кој порано беше обвинет и за силување.

Денис Хоф беше сопственик на неколку бордели. Пронајден е мртов минатиот месец, но сепак доби поддршка од 63 отсто од бирачите во една изборна единица за собранието на Невада. Бидејќи гласачките ливчиња биле пуштени во времето на неговата смрт, немало начин да бидат повлечени.
Неговото место во собранието сега се смета за испразнето, а посебна комисија ќе назначи друг, пишува „Лас Вегас Ревју Журнал“.
https://www.youtube.com/watch?v=UFBjl7Nz0-s
Хоф ветуваше укинување на даноците и заштита на правото за носење и поседување оружје, а е дел од републиканците.
Починатиот кандидат беше обвинет од вработените дека сексуално ги злоставувал, за што постои и полициско досие.
Тој почина на 16 октомври во еден од борделите каде ден претходно го славел својот 72 роденден со раскошна забава.