Фер е да се предвиди т.н. интервал на оданочување, период во кој треба да се земат предвид сите уплатени и сите исплатени тикети на играчот, па доколку истиот биде во позитива, односно ако играчот остварил реална добивка, да му се пресмета персонален данок на позитивната разлика, пишува Плусинфо.

Приредувачите на игри на среќа многу пати досега, како грижа кон своите клиенти, предупредуваа дека постоечкиот начин на пресметување на персоналниот данок на добивка на секој исплатен тикет, без да биде земена предвид уплатата од другите недобитни тикети на клиентите (како даночно ослободување), е погрешен и нефер начин на пресметување на „добивките” на играчите.
Оданочувањето со 10 отсто персонален данок на секој добитен тикет, што се воведе уште во 2014 година, постепено финансиски ги исцрпе граѓаните и огромна цифра се слеа во државниот буџет. Приредувачите на игри на среќа велат дела државата инкасирала дури 38 милиони евра само од обложувалниците. Сега, со зголемувањето на данокот на капитална добивка на 15 отсто, дополнително се таргетира оваа група граѓани, од кои ќе се соберат нови 17 милиони евра, повторно со пресметка на неправилен начин./Плусинфо
Целито текст тука