Дигитален „човек“ води вести во Кина (ВИДЕО)

од Vlatko K
96 прегледи

Кина го создаде првиот дигитален телевизиски презентер, базиран на вештачката интелигенција и
речиси не се разликува од својот човечки двојник, станува јасно од видео на агенцијата Xinhua.

Компјутерскиот AI модел е ист како и вистинскиотводител, но засега нема информации како точно
е создадена дигиталната копија. Се претпоставува дека авторите на проектот користеле
комбинација од компјутерска графика и видео со реален ТВ водител.

Ако гледачот не знае дека има спроти себе дигитален „човек“, едвај би забележал разлика.
Веројатно експериментот ќе им се допадне на повеќето гледачи како интересна најава за иднината,
доминирана од вештачката интелигенција.

Дигиталниот „човек“ е „поудобен“ од реалниот во некои погледи. На пример, тој може да работи
деноноќно, без да прави грешки, и што е најважно, нема да добие плата за својот труд

Покрај тоа, сопствениците на ТВ ќе можат да создадат толку многу дигитални водители колку што
сакаат без сериозно оптоварување на нивниот буџет. Технологиите очигледно откриваат нови
перспективи за телевизијата.