Крај на претставување на кандидати на екранот на телефонот. Апликациите за состаноци користат
вештачка интелигенција, за да ве упатат каде да одите и што да кажете на првиот состанок, или да
ви помогне да најдете партнер кој личи на вашиот омилен актер, пренесе AFП.

До неодамна наменетите за смартфони апликации за состаноци, како што е Tinder, која им
овозможува во реално време да бидат прикажани слики на потенцијални партнери, не тераа да го
направиме својот избор. Но за да се избегне долгото „бесплодно“ пребарување, секторот се
обратил кон вештачката интелигенција.
За тоа сведочат претставените на технолошката конференција Web Summit во Лисабон најнови
апликации за состаноци
Сајтот eHarmony соопшти дека благодарение на вештачката интелигенција ќе може корисниците
наскоро да бидат бидат поканети на средба, откако подолго време немале успех.
„Има многу разговори преку апликациите за состаноци, но средбите се малку“, изјави на
конференцијата извршниот директор на компанијата eHarmony, Грант Лангстон.