На Британските воени гробишта во Скопје денеска ќе се одржи служба за сеќавање на паднатите борци во Првата светска војна во организација на Британската амбасада во Македонија.
На службата ќе присуствува британската амбасадорка Рејчел Галовеј, делегација на Министерстовото за одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, претставници на дипломатската заедница во Македонија и членови на британската заедница во Македонија, кои ќе положат цвеќе.