Путин ја коментира идејата за европска војска

од desk2
94 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во Париз дека нормално е еден моќен економски блок како што е Европската унија да сака себеси воено да се брани.

Путин ова го изјави два дена по твитот на американскиот претседател Доналд Трамп кој го прокоментира повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање европска војска како многу уверлив.

„Европа е моќен економски ентитет, моќна економска унија, и сосема е нормално што сака да биде независна, сама себеси доволна и суверена кога станува збор за одбраната и безбедноста“, рече Путин во интервју за TV RT во Париз, каде присуствува на церемонијата за одбележување 100 години од крајот на Првата светска војна.

АМериканскиот претседател во својот твит беше малку повоздржан.

„Тоа е многу уверливо, но можеби Европа треба прво да го плати својот праведен дел во НАТО, кој САД во голема мерка го субвенционираат“, напиша Трамп на твитер, откако стигна во Франција.

Макрон во вторникот изјави дека на Европа и е потребна вистинска војска за помалку да се потпира на САД кога станува збор за одбраната.

„Мора да се заштитиме од Кина, Русија и дури и САД“, рече тој на француско радио.