Дилери на дрога гаѓале полицајци со жив твор

од desk2
110 прегледи

При апсење на две лица во Бања Лука поради поседување на голема количина наркотици, полицајците се нашле во многу необична ситуација, бидејќи осомничените дилери ги гаѓале со жив твор за да избегнат апсење, дознава Srpskainfo.

Според сознанијата на медиумите, несекојдневната акција се случила вчера во раните утрински часови во населбата Шибови во Бања Лука, Република Српска, а уапсени се Владимир Сумоња и Лука Томашевиќ.

„Инспекторите дошле до информација дека во една викендичка во оваа населба има голема количина наркотици. На локацијата веднаш биле испратени полициски екипи, но никој не можел ни да претпостави што ќе следи понатаму во Шибови“, вели изворот на Srpskainfo.

Откако дошле до викендичката, полицајците ги затекнале Сумоња и Томашевиќ, но тие решиле да не се предадат така лесно.

„Кога ги виделе полицајците, едниот од нив зел жив твор и ги гаѓал полицајците со него. За среќа, никој од полицајците не е повреден, а дилерите биле совладани и уапсени“, објави Srpskainfo.

Откако дилерите биле совладани, полицијата во рамки на акцијата „Таргет“ извршила претрес на куќата, помошните објекти и автомобилите што ги користеле осомничените.

Најдени биле еден килограм „спид“, екстази и марихуана, како и опрема за одгледување марихуана.

Не е познато што се случило со творот.