Huawei ќе го претстави Kirin 990 со 5G поддршка во првата половина на 2019-та

од Vlatko K
137 прегледи

Huawei веќе работат на својот следен процесор за смартфони од висока класа, кој се нарекува Kirin
990. Новиот чип е базиран на напредна 7-nm технологија и ќе се претвори во првaта нивна
архитектура со поддршка за 5G мрежи. Според првичните податоци новиот 7-nm процес ќе
обезбеди неколку сериозни подобрувања во споредба со Kirin 980. На прво место треба да се
истакне дека Kirin 990 ќе понуди за 20% повисока енергетска густина на транзисторите, како и 10%
поголема брзина.

Сите овие иновации се придружени со 10% намалување на енергијата. Претстојниот процесор
повторно се развива заеднички меѓу Huawei и TSMC, а официјалната премиера ќе стане факт во
првата половина на 2019-та. Малку потоа ќе го видиме и првиот 5G смартфон на кинескиот
производител, пријави AndroidHeadlines. Се очекува Kirin 990 да е базиран на 64-битни ARM CortexA76
јадра, кои се користат и во создавањето на Huawei Kirin 980.

Главната предност на Kirin 990 ќе биде интеграцијата на моделот Balong 5000 5G, кој првпат беше
прикажан на IFA 2018. Компонентата ќе понуди многу поголема брзина од 4G модемот со поддршка
за LTE Cat.21 и максимална 1,4Gbps за пренесување податоци во Kirin 980. Во оваа фаза немаме
повеќе детали за техничките спецификации на Kirin 990, кој е дизајниран да ги постави темелите на
една сосема нова ера во развојот на моќните 5G смартфони на Huawei.