Настани и изјави по пресудата и бегството на Груевски

од Vladimir Zorba
152 прегледи

14 ноември

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, ноќеска се приведени и пренесени во затворот „Шутка“. Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил. Мерка притвор од 30 дена им е определен на Јанакиески и Божиновски, соопшти утринава Основниот суд Скопје 1.

Специјалното јавно обвинителство нема никаква вина за бегството на Никола Груевски. Постојано укажуваме и поднесуваме барање за притвор, а судот одлучуваше, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова надлежна за предметот „Титаник“.Вината за бегството на Груевски, обвинителката Стефанова ја гледа институционално.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија, според унгарските закони, може да побара азил врз основа на два услова – ако има статус на лице под заштита или статус на прифатено лице, а постапката би траела до 90 дена.Унгарските власти треба да се изјаснат за барањето на Груевски за азил во рок од осум односно 15 дена, а за остварувањето на правата од азил за 45 до 90 дена.

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, вели дека треба да се почекаат официјалните изјави и реакции од страна на унгарските власти пред да се коментира барањето азил на Никола Груевски.

-Треба да се почекаат фактите, официјалните изјави од унгарските органи и тогаш да се изгради слика. Секако, во ЕУ постои јасно изразен политички однос кон состојбата и почитувањето на правната држава во Унгарија, тоа е познато. Не верувам дека овој случај битно ќе влијае врз таа слика, но ќе биде предмет на интересирање на медиумите и во Унгарија и надвор од неа, изјави Вајгл за МИА.

– Никола Груевски повеќе нема да се води како оправдано отсутен од собраниските седници. Неговата плата  ќе се намалува за пет отсто на секои три отсуства од пленарните седници. Ова го заклучиле координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието кои учествуваа на денешната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На средбата било договорено по изминувањето на шесте месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно да биде ставено на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат.

– Во Министерството за правда е пристигнато известувањето од Министерството за внатрешни работи дека поранешниот премиер Никола Груевски се наоѓа во Унгарија.Се работи на комплетирање на потребната документација за неговата екстрадиција во Македонија.

Заев:– Очекуваме од Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на Република Македонија. Каква би била мотивацијата на нас земјите кандидати ако една земја членка на ЕУ биде засолниште на криминалци и не ја почитува меѓународната пракса, меѓународното право.Премиерот, остро и категорично ги демантираше шпекулациите за каков било политички договор со Никола Груевски во врска со случајов.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон.

СЈО соопштија дека побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски не располага со пари и со имот на свое име, а празни му се и банкарските сметки кои би можеле да бидат замрзнати поради неговото бегство во Унгарија.

– Унгарските власти потврдија дека го разгледуваат барањето за азил на Груевски. поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта. Канцеларијата ќе спроведе постапка за проценка на барањето за азил во согласно унгарското и меѓународното право, се вели во соопштението.

13 ноември
– Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара притвор за Никола Груевски уште во февруари 2016 година кога некои други не можеа ни име да му споменат, а до минатиот четврток воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

19:30
Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница објави дека е распишана меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски

19:30
Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, и потсетува дека владеењето на правото е темелен европски принцип.

19:00

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврди дека Никола Груевски не избегал од Македонија по воздушен пат, туку тоа го направил илегално, вон граничните премини.

-На ниту еден граничен нема излезено легално. Тоа укажува дека излегол илегално, вон гранични премини. Чувањето на зелената граница е патролно и тоа не може херметички да ја затвори границата…Сите анализи укажуваат дека заминувањето од Македонија не се случило по воздушен пат. Сигурно е дека тој имал поддршка. Жално е во членка на ЕУ да дојде поранешен премиер на друга земја осуден за криминал, да бара азил, рече Спасовски за Канал 5.

 18:30

Судот смета дека кај нив нема одговорност за бегството на Никога Груевски и дека потерницата е распишана откако се создале законски услови. Тоа го тврди Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд. – Не може суд самоиницијативно да определи притвор. Треба Обвинителството да побара или Груевски да не ги почитува мерките за претпазливост – да не се јавува редовно во судот за да му биде определена построга мерка како притвор, изјави Џолев.

18:00

МВР: Унгарското министерство потврди дека Груевски е во Унгарија и дека побарал азил.„Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил“.

 17:00
Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач не може ниту да ја потврди, ниту, пак, да ја демантира објавата на фејсбук-профилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски дека се наоѓа во Унгарија каде побарал политички азил. -Ние не можеме да коментираме индивидуални барања за азил кои се уште се во процес на обработка, изјавил Ковач

16:30
Шекеринска го обвинува судот за бегството на Груевски: Зошто требаше четри дена за налогот од суд да стигне во МВР.Во оваа држава точно се знае кога Министерството за внатрешни работи може да се активира. Во тој момент кога ќе добие налог од надлежен Суд. Се останато би било истото МВР-ВМРО само во друго пакување

16:00
– Во врска со наводната информација објавена на Фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата, нагласува МНР.

15:00
– Доколку биде официјално потврдено дека поранешниот премиер Никола Груевски избегал во Унгарија, Министерството за правда ќе достави барање за екстрадиција откако ќе добие известување од МВР каде е лоциран и дека за него има разпишана меѓународна потерница.

14:00
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, попладнево изјави дека не знае каде се наоѓа поранешниот премиер и почесен претседател на партијата Никола Груевски и оти немаат информации дека е во Унгарија, како што беше објавено на Фејсбук профилот на Груевски. За статусот на Фејсбук, Аровски рече дека слушнал од негови партиски колеги

13:15
Груевски се огласи на ФБ од Унгарија, побарал политички азил.– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, наведува Груевски во статусот на својот Фејсбук профил.

13:00
Заев: Треба да се утврди дали Груевски е надвор од државата за да се знае дали е во бегство или не. Не знаеме дали се работи за бегство или не. Треба да го утврдиме тоа, да констатираме дека Груевски е надвор од државата…-Полицијата немаше никакво право без  упатен акт да ја попречи слободата на Груевски, ниту да му се доближи, да го следи или нешто да применува. За тоа мора да постојат судски наредби, 

11:00
Оливер Спасовски – Потрагата ќе продолжи на уште неколку локации.  …Не очекувајте дека ќе поставиме еден линк на плоштадот и заедно со полицијата и медиумите да ја спроведуваме целата акција. Сите информации кои ги имаме ги анализираме и работиме во однос на обезбедувањето на лицето, но тоа не можеме слободно во јавноста да го споделуваме и сите заедно да го следиме, рече министерот за внатрешни работи.

10:00
– Сашо Мијалков на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата.

9:00
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ


7:40
– Поранешниот премиер Никола Груевски и натаму е недостапен за полицијата која трага по него за да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
Засега нема информации дали МВР го лицирало Груевски.

00:15
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва на прес-конференција пред седиштето на партијатa Ёизјави дека Груевски не е во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата со налог може да провери

12 Ноември

21.45
Полицијата е околу централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во потрага по Никола Груевски. Полицијата се уште нема влезено во штабот.

21:00
Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски кој се бара со потерница, Димитар Дангов изјави дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Во писмена изјава за ТВ 21 наведува дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен. Сепак, додава дека ќе се искористат сите останати правни можности.

21:00
Очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него, изјави премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТВ. Премиеорт потврди дека потерницата од МВР за потрага е само поради тоа што судските доставувачи не можеле да ја достават поканата за издржување на затворската казна на осуденикот Никола Груевски.

20:50
Два неуспешни обида за пронаоѓање на Груевски во неговиот дом на адреса запишана во неговата лична карта. Во домот според полициски извори, нема никој. Полициски тим првпат го побара Груевски во неговиот стан околу 18:30 часот.

20:15
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини за медиумски линч врз Груевски

17:00
Објавени инсерти од акцијата на полицијата при обидот да го пронајде Груевски во неговиот стан.

18:00
Медиуми во Скопје шпекулираат каде е Груевски. Дел од нив објавуваат дека можно е да се крие во седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во некој од становите што се негови, но не на негово име и дека е избеган во странство.

16:30
Кривичниот суд во Скопје попладнево достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Никола Груевски.
– Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата, соопштија од Кривичниот суд.

16:00
Груевски, го обезбедуваат шестмина припадници на Шестата управа, но засега не знае каде е и се уште не е му е врачена одлуката на Советот на Кривичниот суд за одбивање на неговата жалба на отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. како што појаснија правни експерти за МИА, шестмината полициски службеници не се 24-часовно ангажирани за неговото обезбедување, односни работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста.

15:30
Судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на Кривичниот совет, со кое се одбива жалбата против решението на судија за извршување санкции за одложување на двегодишната затворска казна за Никола Груевски, со што би се комплетирала доставата.

11:00
Поранешниот премиер Никола Груевски се уште се нема пријавено во затворот „Скопје“ во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“, потврди за МИА директорот на затворот, Ѓоко Котевски.

8:00
Судот денеска ќе прави нов обид да му го достави решението на порнешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет.

10 Ноември
8:00
– Поранешниот премиер Никола Груевски до утрово не се појавил во затворот во Шутка, каде треба да почне со отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк,“ откако вчера попладне Кривичниот совет ја одби неговата последба жалба. Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.

10:00
Судот в понеделник ќе прави нов обид да му го достави решението на поранешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет, соопшти Кривичниот суд.

9 ноември
7:30
– Пратениците во Собранието на Република Македонија на пленарна седница треба да одлучуваат за одземање на мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. За да се оствари тоа потребно е двотретински мнозинство. Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и „За заедничка Македонија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предлогот на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

12:50
Собранието на Република Македонија не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против. Одлуката на пратениците не го одложува извршувањето на казната. Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но, тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

Слични содржини