Јанкулоска: Бегството не може да биде решение на кој било проблем

од desk4
206 прегледи

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска коментирајќи го бегството на поранешниот премиер Никола Груевски рече дека тоа не може да биде решение на кој било проблем.

-Не сметам дека ова може да биде решение на кој било пролем. Не се согласувам со таа постапка без оглед на деталите како се одвивала и како била планирана. Не можам да се согласам со ниту еден сегмент со таа постапка што е направена, рече Јанкулоска во Отворено студио  на 1ТВ.

Таа додаде дека во овие околности нејзиниот  впечаток за таквата одлука е разочарувачка и дека не може со ништо да се аргументира таков потег. – Според вредностите во кои јас верувам таквата постапка заслужува само осуда“, рече Јанкулоска.

Во разговорот во врска со објавените бомби за убиството на Мартин Нешковски рече дека во првиот момент кога била прашана за тоа од новинарите немала сознание.

„Не можеш да скриеш убиство, рече Јанкулоска која појасни дека откако и било поставено прашањето на прес-конференција веднаш побарала информации и истрага од секторот за внатрешна контрола и оти не била направена соодветна евидентија на настанот, кој бил наведен само дека е пронајдено починато лице.

Во врска со прислушуваните разговори смета  дека е ставање одредени разговори во контектст  што не одговара на реалноста. При тоа додаде дека не и паднало на памет дека била таргет толку долго време.

Јанкуловска смета дека има многу изместени разговори и самото тоа што една политичка партија го користи за уривање на друга политичка партија само по себе говори за тоа колку тие се релевантни. За неа тоа сепак се приватни разговори, затоа што никој така слободно не презентора работи и има разлика кога се разговара службено и професионално и кога пријателски се разговара на телефон.