Во кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје, денеска ќе се одржи проекција на два краткометражни филма и разговор со Белинда Казим-Камински, уметница, истражувачка и писателка од Виена.
Нејзин фокус на интерес се сеќавањето, траумата и црната радикална имагинација.
Во рамки на нејзиното прво претставување пред македонската публика, Белинда Казим-Камински ќе се произнесе за нејзината истражувачка работа и уметничка практика преку прикажувањето на нејзините два краткометражни филма „Откопување. Во разговор“ (2017) и „Писмото“ (2018), по што ќе следи разговор со публиката.
Гостувањето на Белинда Казеем-Камински е дел од годишната програма на Проектниот простор „Прес ту егзит“ со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторски размени 7: Курирање урбани заедници“.
Програмите на Проектниот простор„ Прес ту егзит“ се организирани во партнерство со Музејот на современата уметност Скопје и Контрапункт, Скопје, а поддржани се од Министерството за култура на Република Македонија.