РЕАКЦИЈА: Град Скопје нема никаква врска со спортската тринаесетноемвриска награда

од Марта Пешевска
80 прегледи

 

Град Скопје сака да ги разјасни дел од недореченостите околу доделувањето на наградите за спортисти „13 Ноември“ од Сојузот на спортови на Скопје.

Сакаме да ја информираме јавноста дека овие награди не ги доделува Градот Скопје и истите не се дел од манифестациите кои ги организира Градот по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето.

 

Овие награди ги доделува здружението на граѓани – Сојуз на спортови на Скопје, и истата не претставува официјална награда на Град Скопје.

 

Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето, на свечена церемонија градоначалникот Шилегов ги додели наградите „13 Ноември“ на  Град Скопје, меѓу кои  има и награда за достигнувања во областа на спортот која годинава беше доделена на Андреј Стојановски, пливач, за остварување врвни резултати во пливачкиот спорт во категоријата за лица со посебни потреби.