Проверете дали ќе останете без струја

од desk2
77 прегледи

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре од 8.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Марино и село Кадино во Општина Илинден.

Во Општина Центар корисниците од улицата „Димитар Пандилов“ со број: 12, 14, 16, 18 и 20, утре од 8.00 до 15.30 ќе бидат без струја.

Од 9.00 до 15.00 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата 1 во Сопиште, корисниците од ул. Радишанска бр. 30, Луботенски Пат и околните подулички, како и лицата од ул. Скупи од бр. 2 до бр. 10, подулица 3 и подулица 7.

Во Општина Ѓорче Петров утре од 9.00 до 14.00 часот без електрична енергија ќе бидат кориснците ул. Христо Батанџиев бр. 15 и дел од ул. Мајски Манифест, додека од 10.00 до 11.00 во Општина Чучер Сандево без струја ќе бидат дел од жителите на село Бањани.