Во текот на вчерашниот ден заврши постапката за набавка на нови возила за Брза помош.
Набавивме 12 нови возила кои ќе бидат распределени насекаде низ државата.
Капацитетот на Брза помош во Скопје ќе се дуплира, на досегашните шест возила ќе додадеме уште шест и на тој начин веќе се приближуваме до просекот што го бара Светската здравствена организација (СЗО), за едно возило на 50.000 жители.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.