АктуелноПолитикаСлајдер ГАЛЕРИЈА: Побарано стопирање на уставните измени, најава за блокади со возила и механизација од desk4 19/11/2018 8:50 19/11/2018 8:50 233 Пред Собранието на Република Македонија синоќа заврши протестот во организација на движењето „#Бојкотирам уставни промени“ преку кој беше побарано стопирање на постапката за уставни измени, поништување на Договорот од Преспа, трајна заштита на името на Македонија… Учесниците, како што рекоа, се против нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ, и побараа оставка на Владата, распуштање на Собранието, вонредни парламентарни избори, како и да не се повторат настаните во Собранието од 27 април минатата година. Најавија дека од денеска ќе почнат блокади на главните сообраќајници и крстосници со возила и механизација и протести во Скопје и во сите градови низ Македонија се додека не се исполнат поставените барања. Освен на социјалните мрежи и вечерва ги повикаа граѓаните да им се приклучат, а во Скопје ќе бидат секој ден пред паркот Жена парк од 16 до 20 часот. Ќе бидат тука и на први декември кога е предвидена седница на Собранието за предлог амандманите на Уставот за промена на името на државата. Пред присутните се обратија Солза Грчева, Томче Ширков, Тодор Петров,… Протестот, како што соопшти организаторот, го поддржаа македонската заедница во Канада, Светскиот македонскиот конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права. Движењето „#Бојкотирам“ го најави потестот преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата ФОТО: МИА Сподели FacebookTwitterPinterestLinkedinWhatsappTelegramViberEmail Слични содржини Припадници на АРМ ќе учествуваат во операција на НАТО во... 07/05/2024 22:29 Си Џинпинг пристигна во Белград, претходно го критикуваше НАТО за... 07/05/2024 22:19 „Албанијан пост“: Франција бара одложување на одлуката за членство на... 07/05/2024 20:58 „Ако си муслиман, не гласај“, испишани пораки во скопски Чаир 07/05/2024 19:07 Утре ќе се издаваат лични документи 07/05/2024 18:57 Кај членови на избирачки одбор пронајдени фотографии од гласачки ливчиња... 07/05/2024 18:43