Овој рецепт е без шеќер, така што ќе биде погоден и за оние кои внимаваат на линијата

Потребни состојки:
120 грама свежо крем-сирење
3 лажици стопено кокосово масло
3 лажици слатка павлака
1 децилитар лимонов сок
2 лажици стевија
7-8 лажица кокос во прав
прстофат сол
рендана кора од лимон
Начин на подготовка:
Во блендер измешајте кокосово масло и крем-сирење, додека не добиете соединета смеса. Во смесата додајте слатка павлака, лимонов сок, прстофат сол и стевија. Во смесата додајте 2-3 лажици кокос во прав, па сето тоа добро измешајте го.
Ставете ја смесата во фрижидер 30 минути за да стане цврста и погодна за обликување.
Формирајте топчиња со дланките и извалајте ги во кокос во прав и изрендана лимонова кора.