Возило на Унгарската амбасада од Белград во гаражите на „Мериот“ при апсењето на Мијалков

од desk4
77 прегледи

Возило со дипломатски таблички, сопственост на Унгарската амбасада во Белград синоќа било во подземните гаражи на хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад, јави 1ТВ повикувајќи се на свои извори, пренесе Либертас.

Возилото било во подземните гаражи во хотелот во времето кога припадници на полициските Алфи со налог од кривичниот суд за приведување го уапсија екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков.

Дали возилото со дипломатски таблици било само коинциденција или се работи за нешто повеќе од тоа, нема информации.

Братучедот на Мијалков, екс премиерот Никола Груевски веќе и официјално се знае дека побегнал од Македонија со помош и возила на унгарската дипломатија поминувајќи низ Албанија, Црна Гора и Србија.