Кога зборуваме за италијанската кујна, нема како да не се спомене пастатa. Овие тестенини брзо ja зазедоа не само Европа, туку целиот свет и во моментов се консумираат во над 600 форми и варијанти и имаат околу 1300 имиња на различни јазици.
Еве некои други интересни факти за вашата омилена паста:
Тестенините доаѓаат од Кина, а не од Италија
Иако е дефинирана какo италијанска храна, пастата е откриена во древна Кина и пробана пред стотици години од Марко Поло, кој гостувал на Кубла Кан.
Томас Џеферсон ја претставува пастата во Америка
Токму така, третиот претседател на САД Томас Џеферсон ја презентира оваа храна на Американците во 1789 година. Тој се заљубил во јадењето, составено од макарони во Неапол и порачал машина за правење на паста да биде доставена во Америка.
Нахранете ги сиромашните
Во 17 век, месото било скапоцено задоволство во Непал, додека брашното било продавано поевтино. Многу луѓе во овие подрачја главно се хранеле со тестенини и така се создала “храна за сиромашните”.
Оригиналната паста е направена рачно
Пред 18 век, пастата била рачно готвена. На барање на Фердинандо II, кралот на Неапол, Чезаре Спадацини создал машина за правење паста.
Јадење паста = среќа
Дали сте обрнале внимание на фактот дека кога јадете тестенини, се чувствувате добро? Ова е затоа што јаглехидратите во него го зголемуваат производството на серотонин, што доведува до чувство на среќа.
Тестенините се здраво јадење
Мала количина на тестото го спасува телото и му ја дава потребната енергија. Оваа храна е извор на избалансирана количина на протеини и јаглени хидрати.
Италијанците се главен производител и потрошувач на паста
Според официјалните статистички податоци во 2016 година, Италијанците потрошиле 23 милијарди долари на тестенини, што е околу 13 милиони тони.
Тестенините, исто така, може да се јадат за десерт
Италијанците измислиле неколку видови десерт со тестенини, а меѓу најпопуларните е пастата со чоколадо.
Постои Меѓународен ден на тестенините и тоа е 25 октомври!