Редовниот секс има голем број позитивни аспекти. Го подобрува расположението, го намалува стресот и тензијата во телото, го носи физичкото уживање, ја подобрува функцијата на мозокот и многу повеќе.
За време на половиот акт во организмот се испуштаат одредени хормони кои влијаат на различни процеси во мозокот. Затоа многу научници тврдат дека недостатокот на секс може да ја наруши менталната состојба.
Еве пет причини, поддржани со докази од науката, дека редовниот секс ги прави луѓето попаметни:
1. Го поттикнува раст на мозочните клетки
Колку почесто имате секс, толку повеќе неврони ќе има во вашиот мозок, утврдуваат научниците од Универзитетот во Мериленд. При редовен секс се концентрира поголемо количество клетки во хипокампусот – важен дел од мозокот, поврзан со чувањето информации. Податоците од истражувањето покажуваат дека луѓето кои имале секс доста активно во текот на неколку дена, но потоа имаат некој прекин стануваат мрзливи и когнитивните функции им се успоруваат.
2. Штити од хроничен стрес
Стресот има негативно влијание не само на мозокот туку и на другите делови од телото. Тој ја намалува концентрацијата и предизвикува непотребни напори, што уште повеќе ги состојбите кај влошува луѓето. Студија, чии резултати се објавени во “Plos One” покажува дека сексот го штити мозокот од оштетување предизвикано од силен стрес. За време на сексуалниот однос се зголемуваат не само невроните, туку и хормоните на среќата.
3. Ја подобрува меморијата
Се сеќавате ли на последниот пат кога сте имале неверојатен секс? Не, дефинитивно треба да го подобрите вашиот сексуален живот. Почестите сексуални контакти можат да ја подобрат вашата меморија.
Студија која опфаќа 1 700 луѓе во Велика Британија (меѓу 58 и 95 години) покажува дека силна меморија имаат оние возрасни кои имале поактивен сексуален живот.
4. Подобрува социјални контакти
Докажано е дека мажите и жените (особено тие) кои немале секс долго време, се повеќе нервозни и имаат проблеми со комуникацијата. За време на возбудата и сексот се лачи хормонот окситоцин, кој го подобрува расположението и ги поттикнува луѓето да комуницираат, тврдат научниците од универзитетот Конкордија во Монтреал. Освен тоа циркулира окситоцин во нашето тело кој ги прави помалку чувствителни на социјалното отфрлање.
5. За поосмислен ум
Се вели дека решавањето на судоку и крстозбори го задржува умот остар. Но, според Рутгерс, оргазмите вршат подобра работа за когнитивното здравје. Тие стигнуваат до заклучок дека при обичен секс се активираат само некои делови на мозокот, додека кај поактивен сексуален живот, исполнет со повеќе оргазми, работи целиот мозок.