Под притисок на директорот, разрешена Бранка Костиќ Марковиќ од УО на Македонска филхармонија

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Без никакво образложение, туку на барање на директорот на Македонска филхармонија, Виктор Илиевски, Министерот за култура, Асаф Адеми, пред 4 дена ја разрешил Бранка Костиќ Марковиќ од местото Претседател на Управен одбор на Македонска филхармонија.

Порталот АКО.мк го објавува решението за разрешување, од кое се гледа дека нема никакво образложение за разрешувањето, а единствена причина за ваквиот потег е барањето на актуелниот директор на Македонска филхармонија.

Разрешувањето на Бранка Костиќ Марковиќ, како познат и признат експерт во својата област, магистер по музички науки, е изненадување. Нејзиното именување пред една година беше прифатено со големо одобрување во јавноста и во музичкиот свет.