Кога е доста? Новогодишни сијалички за машка брада!

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Се приближуваат свеченостите за секое семејство. Многу луѓе не придаваат големо значење на Божиќ и декорацијата, но други веќе купиле нови играчки кои не можат да дочекаат да ги стават елката.

Секоја година во ова време се јавува дебата за тоа дали треба да украсиме живо дрво или да купиме вештачко. Оваа зима, сепак, се смени фокусот на најновиот тренд – сијалички врз брадите на мажите.

Без разлика колку е лудо тоа може да биде за некои Македонци, постојат мажи во светот кои долго време ги препознаваат тајните на божиќното лице. Некои ги нарекуваат ексцентрици, други уживаат, бидејќи треперливите светла во нивните бради се знак дека го задржале празничниот дух во себе.

Доказ дека покрај елките, во странство, исто така, се кити и машка брада, е зголемување на продажбата на овие украси. Веб-страниците како Амазон го нудат производот по цена од 14 долари. Тоа вклучува 18 сијалички со LED светилки.

На лентата со посебни машки светилки кои се китат на големи бради има мали штипчиња за да може полесно да се закачат на влакната.

Се разбира, за да го задоволат вкусот на различните мажи, кинеските производители создадоа други украси кои се направени за да го красат овој дел од лицето на мажите.

Сè повеќе и повеќе мажи гордо се претставуваат со мустаќи и добро украсени бради за да ги стават своите слики на социјални мрежи. Со цел да не се лутат нивните жени,  трговците исто така создадоа светилки за декорација на коса.