Бугарското МВР, Кабинетот и Министерството за правда ги преземаат надлежностите на Агенцијата за Бугари во странство

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Пред зградата, во која се наоѓа Агенцијата за Бугарите во странство денеска повторно имаше редици од луѓе кои сакаа да поднесат документи за бугарско државјанство. Македонски граѓани се пожалија дека не можат да ги поднесат своите документи поради скандалот во Агенцијата и истрагата за корупцијата во неа.

Од октомври претседателот на таа Агенција Петар Харалампиев е приведен како и други 20 луѓе. Обвиненија добија само четворица – претседателот, главниот секретар на Агенцијата и уште две лица. Се покажа дека повеќе од половина милион левови се чуваат во сефот на секретарот Красимир Томов.

Според Димитар Петров, привремен управител на специјализираното обвинителство, доказите што им се достапни за случајот е неоспорни.

На состанокот на владата во средата, премиерот Борисов најави пред членовите на кабинетот дека Агенцијата ќе биде затворена.

„Побарав од наши колеги тука да размислуваат како да се затвори Агенцијата за Бугари во странство. Побарав од Министерство за внатрешни работи, Министерството за правда и Претседателството – трите институции кои ќе се произнесат за тоа прашање”, нагласи Борисов.
Од последниот стенограм од седницата јасно е дека работата на Агенцијата може безбедно може да се подели на неколку институции, јавија бугарски медиуми.