Готов за само неколку минути: Десерт од бисквит и чоколадо во чаша

од desk2
289 прегледи

Десертите во шолја не престануваат да воодушевуваат, особено оваа верзија која потсетува на класичните бисквити со чоколадо

Десертите во шолја и понатаму се на самиот врв кога се брзите слатки во прашање, бидејќи подготовката трае неколку минута, а сите производи најверојатно веќе ги имате во фрижидер. Идеални се за оние кои немаат искуство во приготвувањето десерти.

Овој десерт во шолја со парчиња чоколадо може да се послужи со путер од кикирики, а во смесата слободно додајте и малку ореви или суво овошје.

Потребни состојки:

4 лажици брашно
2 лажици кафеав шеќер
¼ лажици прашок за печиво
3 лажици млеко
½ лажица масло
1 лажица ванилин шеќер
2 лажици исечкано чоколадо

Начин на подготовка:
Измешајте брашно, кафеав шеќер, млеко, масло и ванилин шеќер и ставете ги во шолја што смее да се става во микробранова.
Измешајте половина од исечканото чоколадо, а остатокот наросете го на врвот.
Печете во микробранова 60-90 секунди.
Почекајте неколку минути пред да го послужите десертот.