Русија се подготвува да спроведе големи воени вежби во Керч теснецот , всушност каде што ескалираат тензиите меѓу Москва и Киев , објавија руските медиуми.

Воените маневри ќе се фокусираат на подобрување на подготвеноста и ефикасноста на руската армија во случај на понатамошна ескалација на тензиите меѓу двете земји.
Претходно судот во Симферопол уапси 12 од 24-те украински морнари обвинети поради кршење на државните граници на Русија.
НАТО, ЕУ и Германија ги осудија акциите на Москва.
Рускиот лидер Владимир Путин изрази загриженост во врска со одлуката на Киев за воведување на воена сосотојба како одговор на инцидентот.