115
Русија наскоро ќе распореди противвоздушни ракетни системи “S-400” на Кримскиот полуостров, јави руската агенција Интерфакс, повикувајќи се на изјави на Министерството за одбрана.
Вестите за распоредување на системот соопштени се, откако Украина прогласи воена состојба во земјата во траење од 30 дена.
Украина ја прогласи воената состојба, откако Русија заплени три украински брода во близина на крим, во неделата на 25 ноември.
Новинската агенција РИА јави дека системите “S-400” ќе бидат подготвени за употреба до крајот на годината.