Аднан Ќахил исклучен од неговата партија, бараат да биде разрешен како министер

од desk2
83 прегледи

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информира дека го исклучила министерот задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил од членство.

Партијата бара од премиерот Зоран Заев да го разреши Ќахил од министерската позиција.

Во партијата велат дека исклучувањето е поради тоа што министерот „со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува“ и затоа што работел „спротивно од интересите на партијата“.