Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски да одговара за бегството, а не поради него во притвор да лежат недолжни луѓе

од desk2
77 прегледи

Сопругата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања, на „Фејсбук“ напиша дека одлуката на Апелацискиот суд во Скопје за притворот на нејзиниот сопруг и на Кирил Божиновски е политички линч, а не правда, пренесе Макфакс.

Таа праша дали ги пронашле банкарските сметки на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и дека бегството на Груевски не смее да биде инструмент на одмазда.

Политички линч, наместо правда!Апелациониот суд е должен да одговори:1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески…

Публикувахте от Sanja Janakieski в Вторник, 27 ноември 2018 г.

„Политички линч, наместо правда! Апелацискиот суд е должен да одговори дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство. Каде се тие сметки? Кој ја зборува вистината, анонимниот извор на УБК или претседателот на РМ. г. Ѓорге Иванов? Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со претседателот Иванов и со Миле Јанакиески? Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права? Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не поради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, напиша сопругата на Јанакиески.

Апелацискиот суд донесе одлуки со кои им го потврди притворот на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои се обвинети во предметот „Титаник“.

Слични содржини