Која е играта која ја играше Шилегов за време на комисиската расправа за загадувањето?

од desk2
183 прегледи

Една од вестите која го обележа вчерашниот ден, ни доаѓа од комисиската расправа за аерозагадувањето. Додека Влатко Ѓорчев зборуваше на говорницата, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов беше снимен како игра на својот мобилен телефон.

Дефинитивно, аерозагадувањето е навистина голем проблем со кој се соочуваат граѓаните. Европската агенција за животна средина објави дека Македонија е најзагадената земја во Европа со загадување дури десет пати повеќе од препорачаните граници. Токму поради тоа, не е време за спиење и играње на игри за време на расправи на оваа тема.

“Загадувањето на воздухот во Скопје претставува закана за сите граѓани. Многу пациенти доаѓаат во нашата клиника поради ова. Валканиот воздух предизвикува проблеми кај лицата со респираторни заболувања, како што се астма, емфизем и други хронични кардиореспираторни и белодробни заболувања. Тоа предизвикува влошување, а луѓето одат амбулантски третмани, а некои дури и треба да бидат хоспитализирани поради овие нечистотии”, ќе кажат пулмолозите.

Според надлежните главните проблеми произлегуваат од системите за греење на домовите во нашата земја. Во Скопје – особено во семејствата со ниски примања – луѓето се уште се греат на дрво, но, за жал, често горат и пластика, отпадни моторни масла и така натаму.

Сепак, и покрај тоа, градоначалникот на град Скопје не изгледаше многу заинтересиран за овој проблем, кој е тивок убиец на граѓаните, па за време на комисиската расправа за аерозагадувањето, тој на својот мобилен телефон играше игра.

Се заинтересиравме и откривме која е таа игра што е толку поважна од аерозагадувањето и здравјето на граѓаните – станува збор за “Helix Jump”, пишува Точка.

Ако сакате да играте едноставни игри, веројатно и не можете да најдете поедноставна од “Helix Jump”. Всушност, оваа игра е толку едноставна, па и нема што многу да се пишува за неа. Добро, освен тоа што можеби е поинтересна од дискусијата за загадениот воздух.

Поставена е на платформа направена од дискови кои се ротираат поставени на шипка или нешто како цевка на центарот на вашиот екран. Вашата мисија во оваа игра да ја ротирате сцената лево или десно, со цел да го спуштите вашето обоено топче преку отворите на дисковите, додека бавно, но сигурно го освојувате патот до дното на екранот.

Како повеќе напредувате во играта, ќе бидете соочени со дискови кои вклучуваат “погубни” сегменти на кои не можете да скокнете, и – Game Over. Набрзо веројатно ќе дознаете дека ако паѓате преку 3 или повеќе отвори при еден скок, можете да го подобрите вашиот резултат, па дури и да и го уништите дискот на кој слетувате – со што ја намалувате дистанцата која мора да ја минете, без поголеми ризици.

Како ги минувате нивоата во текот играта, тие полека стануваат потешки, а се менуваат и боите.

Дефинитивно поинтересно од ПМ10 честичките во воздухот кои предизвикуваат сериозни последици по здравјето на луѓето, зарем не?/Точка

Слични содржини