Не стивнуваат реакциите во јавноста по најавата дека висококатници ќе се градат на паркингот спроти Градскиот трговски центар во Скопје кои ќе уриваат нови рекорди во височина по објектите на „Џеваир“ во општина Аеродром. Кој ќе ги купува овие станови и дали на пазарот воопшто има потреба од толкава станбена експанзија ако сега зад трговскиот центар „Рамстор“ исто така во центарот на главниот град се гради деловно-станбениот комплекс „Дајмонд“, како и дека се спомнуваат продажни цени на становите до 1.800 евра по квадрат, пишува Мета.

Во Македонија, а посебно во Скопје понудата на станови одамна ја надминува побарувачката, а најдобар показател за тоа се извештаите од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности кои откриваат дека иако пазарот има над 5.000 непродадени станови, во моментов се градат двојно повеќе.
Целиот текст ТУКА