Работниците на General Motors плачеа по најавата за откази, Трамп се заканува

од desk2
75 прегледи

 

Без никакво предупредување, еден месец пред Божик, повеќе од 14.000 работници на General Motors останаа без работа. Вработените останаа запрепастени, а многуминаа плачеа.

Дури 15 отсто од работната сила на производителот ќе останат без работа, по затворањето на осум фабрики, за производителот да заштеди 6 милијарди доалри, до крајот на 2020 година.

„Се подготвувате за Божик и славење, но овде тоа го нема“, вели еден од вработените.

„Потполно сум скршен“, вели друг.

Еден од нив ја опиша атмосферата на работното место во Онтарио по најавата за масовни откази.

„Луѓето непрекинато плачеа, никогаш не сум видел такво нешто, а не ни понудија никакви одговори“, вели очевидец.

Трамп се закани

Затворањето а фабриките е последица на поголемата побарувачка за теренци и камионети, но и најавите за инвестирање во електрични и автономни автомобили кои треба да бидат носители на растот во иднина. Големото отпуштање особено ќе се одрази во Онтарио и Мичиген, кои претседателот Доналд Трамп вети деа ќе ги оживее.

Иако по најавените откази и новата насока акциите на General Motors добија на цена, вчера паднаа за 2,6 отсто по најавите на Трамп за можни укинувања на субвенциите.

„Америка го спаси General Motors и ова ни е благодарност?! Сериозно размислуваме за тоа да ги укинеме сите субвенции дури и оние за електрични автомобили“, напиша Трамп на Твитер.

Во текот на две години од мандатот Трамп повторуваше дека главен приоритет му се нови работни места во автоиндустријата, а често ги критикуваше оние кои најавуваа отпуштања.

На тоа од General Motors нагласуваат дека и понатаму настојуваат да бидат максимално присутни на американскиот пазар и додаваат дека ќе отворат нови работни места во производството на електрични автономни возила./ Ројтерс