Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека обврска на Македонија, а не на Црна Гора, беше да се грижи да не побегне нејзиниот поранешен премиер Никола Груевски.

Марковиќ му порача на премиерот на Македонија Зоран Заев да се позанимава со прашањето зошто навреме не била распишана потерница за Груевски. К
оментирајќи ја изјавата на Заев кој пред неколку дена рече дека се чуди што четири земји пријателки на Македонија го дозволиле бегството на Груевски преку нивна територија, Марковиќ изјави дека Груевски низ Црна Гора минал на целосно законски начин, врз основа на личните документи кои ги имал.