Аргентинското правосудство презеде чекори во разгледување на барањето на Хјуман рајтс воч на престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман да му се суди за наводни злосторства против човештвото.

Според Асошиејтед прес, намерата на организацијата за човекови права, е на тој начин да се изложи на непријатности принцот бин Салман во текот на самитот Ге-20 штп треба да се одржи во Буенос Аиес.
Федералниот судија Ариел Лихо го прифати барањето на обвинителот Рамиро Гонзалес да установи дали за принцот некаде во светот веќе се води истрага за можни злосторства против човештвото, пред да се одлуч такво нешто да направи во Аргентина.
Правниот систем на Аргентина овозможува пред нејзините судови да им се суди на луѓе кои направиле злосторства против човештвото и во други земји.
АП оценува дека е малку веројатно нешто во врска со тоа да се случи наскоро со оглед на тоа што е потребно министерството за надворешни работи на Аргентина да набави информации од Турција, Јемен како и од Меѓународниот кривичен суд, а за тоа е потребно време.
Судијта од HRW побара да пружи детали кои ги поткрепуваат нивните тврдења против принцот Мохамед.
АП потсетува дека таа организација го обвинува саудискиот принц за воени злосторства во Јемен како и за убиството на новинарот Џалам Кашоги во саудискиот конзулат во Турција.
„Аргентинското правосудство, преземајќи чекори кон формална истрага, праќа јасна порака дека дури и моќни функционери како Мохамед бин Салман не се над законот и дела темелно ќе бидат проверени ако се вмешани во воени злосторства. Облак на сомнеж ќе лебди над нив, додека тој на самитот Ге-20 ќе се обиде да го изгради повторно својот разнишан углед, а за светските лидери би било подобро два пати да размислат пред да се сликаат со некој кој може да се најде под истрага за воени злосторства и мачење“, се наведува во соопштението на HRW.