Специјалци претресуваат руски манастир во Киев

од desk2
253 прегледи

Припадниците на службата за безбедност упаднаа во најстариот манастир во Киев, кој е дел од Руската православна црква.

Како што пренесоа агенциите, преипадници на СБУ ја претресуваат куќата на митрополитот на Светоуспенскиот храм на Киевско-печерската лавра, најолемиот и најстариот манастир во Киев. Претстаавникот на СБУ Игор Гусков, за новинарите рече дека се претресува куќата на митрополитот Павле, кој е осомничен за „поттикнување омраза“.

Агенцијата Тасс пренесува дека митрополитот Павле не е во кучата. Претходно тој изјави дека власта врз него и врз другите свештеници врши притисок, меѓу другото и со изведување претреси.

Со тоа уште повеќе се продлабочува кризата меѓу Украина и Русија, кои се спореат најпрво околу Крим кој Русија го анектира, па потоа околу се друго.

Украинската црква настојува да се одвои од Руската православна црква чиј дел е со векови.

Украинскиот претседател Петро Порошенко и цариградксиот патријарх Вартоломеј на почетокот на овој месец потпишаа спогодба за соработка со која се отвора пат за воспоставување Украинска православна црква и нејзина независност од Руската црква.

Најновата точка на спорење е ѕвечкањето со воено оружје во мореузот Керч, воведување воена состојба на дел од Украина и дополнителното вооружување на Русија околу Крим.

Слични содржини