175
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека е “сигурен” дека ЕУ ќе одлучи следниот месец да ги продолжи економските санкции против Москва по акциите на Русија против украинската флота во Азовско Море , информира “Ројтерс”.
Туск ќе претседава самит на ЕУ на 13-14 декември, на која се очекува мерките против одбранбениот, енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија да бидат продолжени за уште една година.
” Европа е обединета во својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Заради тоа сум сигурен дека ЕУ ќе продолжи со санкциите против Русија во декември “, најави Туск на прес-конференција во Аргентина, каде што започна дводневниот самит на Г-20.
Прашањето најверојатно ќе биде дискутирано на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 10 декември
Според него, силата што ја искористи Русија против украинските бродови е “целосно неприфатлива”.