Рижото со спанаќ и грашок

од desk2
220 прегледи

Сакате да јадете нешто здраво, нискокалорично и брзо?

Рижото им се допаѓа речиси на сите, а со овој рецепт нема да има потреба воопшто да размислувате за калории

Потребни состојки:
2 лажици путер
1 сечкана главица кромид
сол
бибер
½ шолја бело вино
3 шолји пилешка супа
1 шолја ориз
1 шолја грашок
110 грама исечкан спанаќ
¼ шолја рендан пармезан

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Загрејте го путерот на среден оган. Додајте го кромидот, ½ лажичка сол и ¼ лажичка бибер. Загревајте, со постојано мешање, околу 5 минути. Додајте вино и мешајте околу 3 минути додека виното речиси не испари. Додајте супа и спанаќ и оставете ги да зовријат.

Поклопете го садот и ставете го во рерна. Печете во рерна околу 20 до 25 минути.

Додајте ги варениот грашок, спанаќ, пармезан, пола лажичка сол и ¼ лажичка бибер и промешајте.

Енергетската вредност на овој оброк е 309 калории.