„Убави сме, свои сме“ втор пат во Струмица

од Марта Пешевска
114 прегледи

Во Струмица денеска втор пат ќе се одржи модна ревија под мотото „Убави сме, свои сме“ на децата со попреченост. Манифестацијата ја организира Здружението „Вера“ од Струмица.

Претседателката на Здружението „Вера“ Анче Туфекчиева изјави дека годинава на модната ревија место 15 учествуваат 30 деца.

Модната ревија се одржува по повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември. Секое дете на модната писта во хотелот „Вила Парк“ во Струмица ќе го предводат познати лица од политиката, спортот и естрадата од Струмица и Македонија.