Идеален рецепт кој можете да го послужите како главно јадење за време на пост.

СОСТОЈКИ:
1 кг компири
150-200 мл маслиново масло
1-2 лимони (свежо цеден сок)
5-6 чешниња лук сечен на три дела
4-5 листови ловор, секој исечкан на четвртини
оригано
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 250 степени.
Измијте ги, излупете ги и исечете ги компирите и наредете ги на тепсија. Компирите не треба да бидат наредени еден преку друг.
Зовријте вода (нешто повеќе од една чаша е доволно за да се прекријат компирите) и во неа растворете сол (треба повеќе сол, но внимателно). Со таа вода прекријте ги компирите кои сте ги наредиле во тепсија. Додајте масло, посипете ги компирите со оригано, ставете лук, ловор и бибер. Сокот од лимон не го додавајте на почеток бидејќи од него компирите ќе се стврднат!
Ставете ги компирите во загреана рерна на 250 степени. Штом компирите ќе поруменат и ќе испари водата, намалете ја температурата на 200 степени и печете додека компирите не омекнат, вкупно околу 50 минути (зависи од рерната и компирите).
Некаде пред крај на печењето извадете ја тепсијата и прелијте ги компирите со сок од свежо цеден лимон, вратете ги неколку минути во рерна, извадете ги и послужете.
Добар апетит!