(ФОТО+ВИДЕО) Пријанка Чопра стана г-ѓа Џонас како на индиски филм

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Пријанка Чопра и Ник Џонас станаа сопрузи за време на викендот на прекрасната церемонија во земјата на актерката Индија.

Традицијата беше испочитувана од двете семејства на ѕвездите, кои изгледаа како да се забавуваат неверојатно. Роднините на пејачот пристигнаа пред една недела, за да се подготват за прославата, за што Пријанка неодамна изјави Vogue: “Луѓето ќе треба да си земат одмор по церемонијата”. Двојката ја започна својата романса во мај 2018 година, а два месеци подоцна станаа свршеници.

Фото: Instagram

Вљубените признаа дека си разменувале текстуални пораки 6 месеци пред да се запознаат. Џонас ѝ понудил брак на Пријанка за нејзиниот 36-ти роденден, но тие ја потврдија веста во август.

https://www.instagram.com/p/Bq2AyULhkKs/?utm_source=ig_embed

За свадбата, ѕвездите ги избраа фустаните на Ралф Лорен, со невестата во типична индиска облека.

Фото: Instagram

Младенците споделија моменти од среќниот настан во Instagram и  напишаа: “Едно од специјалните нешта кои оваа врска ни  ги дала, е можноста да собереме две семејства кои си ги сакаат и почитуваат традициите и културата на другиот. И планирањето на оваа венчавка со двете страни беше неверојатна. Уште еднаш, го сторивме тоа на наш начин и имавме неверојатно празнично попладне за она за што и двајцата го сонувавме.“

https://www.instagram.com/p/Bq4sB7WHWR0/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bq2Y95tH9NL/?utm_source=ig_embed