• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот
Најнови вести
Магнети за успех: Овие бои за велигденски јајца привлекуваат голема среќа во животот
Беџети за високата цена на становите: Се додека побарувачката е повисока од понудата, тој тренд ќе продолжи, без разлика дали...
Алиу: Не би бил искрен ако кажам дека проблемот со недостиг или доцнење на лекови е исклучиво домашен
Селин Дион ќе урне светски рекорд? Дури 9 милиони луѓе сакаат билети за нејзините концерти во Париз
Тежок удар за Блејк Лајвли: Судијата отфрли 10 од 13 тужби што таа ги поднесе против Џастин Балдони
ПРОЧИТАЈТЕ: www.standard.mk | www.biznisinfo.mk
Локално
Локално
  • Македонија
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Магазин
  • Денешни
АктуелноГраѓанскиСкопје

Омбудсман: Градинките не ги нудат потребните услови за прием и оптимален развој на секое дете

од desk2 03/12/2018 14:06
03/12/2018 14:06 113 прегледи
113

Предучилишното образование не ги нуди потребните услови и можности за прием и оптимален развој на секое дете. Во отсуство на механизми за системско идентификување, евидентирање и следење на децата со попреченост од најрана возраст, во голема мера се намалуваат можностите за рана стимулација, што го отежнува престојот на децата со попреченост во градинките, кој се сведува најчесто на згрижување, но не и на воспитна компонента и ран стимулативен развој.

 

Ова го покажува извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата со попреченост во предучилишното образование изготвен врз база на податоците од анкетните прашалници доставени до предучилишни установи во Македонија во периодот 2017/2018 година, а подготвен од канцеларијата на Народниот правобранител, невладината организација „Отворете ги прозорците“ со финансиска поддршка на Европската Унија и канцеларијата на УНИЦЕФ.

-Од анализата на податоците од прашалниците доставени до 58 детски градинки произлегува дека во претходната и тековната година во 39 градинки има згрижено деца со попреченост. Притоа вкупниот број деца со попреченост во овие градинки изнесува 415, рече на денешната прес -конференција заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.

Најголем дел од овие деца односно 104, како што додаде таа, се деца со аутизам, веднаш зад нив се децата со интелектуална попреченост (101), а најмалку, односно само седум дечиња се со оштетен вид.

-Од останатите категории со попреченост, градинките преку анкетниот прашалник пријавиле 70 деца со комбинирани потешкотии, 13 деца со телесна попреченост и 42 деца со оштетување на слухот и говорот од потежок степен, рече Бајрамовска Мустафа.

Истражувањето покажало дека градинките што се изградени на две, па и на повеќе нивоа, немаат лифт, а нивоата се поврзани со скали. Рампите на влезот не се секогаш градени според стандардите, а занималните се проектирани за 20 деца, а во групите има над 30 деца.

Дури 58,5 отсто од градинките одговориле дека не располагаат со дидактички помагала, а 43,4 отсто кои имаат дидактички материјали се градинки во кои дефектолозите и/или логопедите изработуваат материјали за индивидуална работа со деца, или пак тоа се градинки кои учествувале на обуки.

Бајрамовска Мустафа посочи дека некомпетентноста на стручните тимови и отсуството на дефектолози во градинките ја прават потешка работата со децата со попреченост, бидејќи дефектолозите се клучни носители во инклузијата.

-Вклученоста на децата со попреченост во дополнителните и слободни активности и содржини е ограничена. Добиените податоци од анкетниот прашалник посочуваат дека децата со попреченост учествуваат само во дел од слободните активности. Нивното учество зависи од видот и степенот на попреченост, рече таа.

Приоритетни потреби кои ги имаат градинките, а што произлегуваат од анкетното истражување меѓу другото се вработување дефектолози, обуки за воспитувачите за работа со деца до попреченост, подобрување на физичката пристапност до објектите, обезбедување пристапни педагошко-дидактички помагала, нагледни средства и технологија, обезбедување повеќе наменски финансиски средства за градинките за задоволување на индивидуалните потреби на децата со попреченост, како и измена на правната рамка.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бајрамовска Мустафа рече дека во Македонија нема точна бројка за лицата со попреченост.

Сподели FacebookTwitterPinterestLinkedinWhatsappTelegramViberEmail

Анкета

Facebook

Lokalno

Најново

  • Магнети за успех: Овие бои за велигденски јајца привлекуваат голема среќа во животот

    03/04/2026 20:58
  • Беџети за високата цена на становите: Се додека побарувачката е повисока од понудата, тој тренд ќе продолжи, без разлика дали ние посакуваме или не

    03/04/2026 20:30
  • Алиу: Не би бил искрен ако кажам дека проблемот со недостиг или доцнење на лекови е исклучиво домашен

    03/04/2026 20:00
  • Селин Дион ќе урне светски рекорд? Дури 9 милиони луѓе сакаат билети за нејзините концерти во Париз

    03/04/2026 19:52
  • Тежок удар за Блејк Лајвли: Судијата отфрли 10 од 13 тужби што таа ги поднесе против Џастин Балдони

    03/04/2026 19:24

Од Уредникот

  • Важно е да имаме поднослив инфлаторен шок, а тоа е можно ако војната во Иран заврши во април

    03/04/2026 18:12
  • Интервју со Алиу: Крајната цел е секој пациент да може да ја добие потребната здравствена услуга во местото каде што живее, тоа е поевтино за системот и пофер за граѓанинот

    03/04/2026 13:30
  • Цените на становите во вртоглав раст: „Нефункционални општини намерно не носат ДУП-ови за да можат да „ловат“ неформални заработувачки и преку легализациите“

    03/04/2026 11:47
  • Ристоска си заминува во период кога се бара ревизија и итно скенирање на сите нивоа: Дали со оставката изгуби Обвинителството?

    02/04/2026 13:15

Колумни

  • Кога системот ги оттурнува своите најсилни: Случајот „Ленче Ристоска“

    02/04/2026 14:19
  • Поради лошиот пат до Охрид, Македонците за викенд одат на шопинг во Солун или на бања во Србија

    27/03/2026 8:45
  • Дали туризмот во Македонија ќе профитира од војната на Блискиот Исток?

    15/03/2026 11:22

Скопје во срце те носам

Скопје во срце те носам
  • Facebook
  • Twitter
  • Rss
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот

© Авторски права 2026 - Сите права се задржани.

Политика на сајтот

Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.

Локално
  • Македонија
    • Политика
    • Хроника
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Магазин
  • Денешни