Променливо облачно со слаба магла по одделни котлини

од Vlatko K
113 прегледи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлините и по речните долини. Кон крајот на денот и на преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус пет, а дневната температура од седум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла.

Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до осум степени.

Во среда ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а за време на викендот се очекува нов влажен бран.