Петмина американски претседатели дојдоа да се простат со претседателот Џорџ Буш постариот во националната катедрала во главниот град Вашингтон, пренесоа агенциите.
Последна почит кон него оддадоа актуелниот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Мелани, Барак и Мишел Обама, Бил и Хилари Клинтон, Џими Картер и неговата сопруга Росалин, како и синот на покојниот претседател – Џорџ Буш помладиот со неговата сопруга Лора.
Под звуците на артилериски почесна стрелба процесијата со посмртните останки на 41-тиот претседател на САД премина од Капитол низ улиците на Вашингтон до катедралата, каде се собраа американскиот политички елити, како и високи политичари од други земји, дојдени да му оддадат послдна почит на државникот која го поставил крајот на Студената војна. 
Меѓу странските гости се издвоите Принцот од Велс – Чарлс, германската канцеларка Ангела Меркел, јорданскиот крал Абдула II.
Неговиот син, Џорџ Буш Џуниор, зборуваше тажно . Тој го сподели последниот разговор со неговиот татко во последните часови од неговиот живот.
Му кажа дека е прекрасен татко и дека многу го сакам. “И јас те сакам!” – одговори стариотБуш.
Поранешниот државен секретар Џејмс Бејкер, кој беше со починатиот претседател до неговиот последен миг, изјави дека зборовите на љубов кон неговиот син се и последните кои тој ги кажал во земниот пат.
Тој додаде дека сите негови деца му простиле со топли зборови на љубов.
Ппотсетуваме на Џорџ Херберт Вокер Буш почина на 30-ти ноември , на 94-годишна возраст, откако боледуваче последните неколку години.
Сегашниот претседател, Доналд Трамп, не беше поканет да зборува на погребната церемонија. За прв пат од 1973 година, актуелниот шеф на државата не доби покана да зборува на погребот на својот починат претходник.
Посмртните останки на Буш постарите биле транспортирани со воздух во Хјустон, Тексас, каде што тој ќе биде погребан. 41-тиот претседател ќе биде поставен во близина на неговата претседателска библиотека до неговата сопруга Барбара, која почина во април.