Елцин, Клинтон, Кучма и Мејџор го потпишаа Меморандумот во Будимпешта.
Денеска се навршуваат 24 години од потпишувањето на Меморандумот од Будимпешта , со кој Украина се откажа од нуклеарните оружја, а САД, Русија и Велика Британија се ангажираа да go обезбедат нејзиниот територијален интегритет.
На 5 ноември 1994 година, потписи под документот беа ставени od претседателиte Бил Клинтон, Борис Елцин, Леонид Кучма и британскиот премиер Џон Мејџор.
Денес беше објавено дека украинското министерство за надворешни работи се обратила кон земјите кои го склучиле меморандумот, со барање за спроведување на консултации по почитувањето на преземените обврски и итен прекин на руската агресија против Украина.
Потсетуваме дека за време на потпишувањето на документот, Украина е третата држава за нуклеарна енергија во светот. Со потписот на Кучма таа се приклучи кон Договорот за неширење на нуклеарното оружје и се откажува од своите 1.700 нуклеарни боеви глави , монтирани на интерконтинентални, ракети со среден дострел и вооружениот за стратегиски бомбардери. Нуклеарниот арсенал на Киев беше предаден на Москва.
Киев потсетува дека со актот од Будимпешта Москва, Вашингтон и Лондон се изјасниле како гаранти за територијалниот интегритет и политичката независност на Украина и се обврзале да не користат против неа оружје, закани или друга сила.
“Токму овие гаранцииго направија можното усвојувањето во Врховната Рада на законот за ратификација на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.
На 25 ноември оваа година Русија оствари вонреден чин на вооружена агресија против Украина и нападна бродови на поморските ни сили во Црното Море и Керченскиот теснец. ” – истакнува агенцијата.
“Украина доследно го разгледува Меморандумот во Будимпешта како важен меѓународен инструмент за нејзината безбедност и ја поттикнува Русија целосно да ги почитува обврските што произлегуваат од документот”. – додаваат од министерството.
Во обраќањето се наведува дека руската агресија и нарушувањето на условите на меморандумот го поткопуваат меѓународниот режим за неширење на нуклеарното оружје и во иднина ќе ги отежни односите со земјите кои се одлучиле да се поседуваат такво оружје. По агресијата против Украина земјите со нуклеарни арсенали тешко ќе бидат убедени да се откажат од нив против гаранции за ненапаѓање.